Бизнис
4. August 2026 - 16:30

ЕВРОСТАТ: Вредноста на парите во Македонија највисока од регионот

Вредноста на макeдонската минимална плата – највисока во регионот и поголема од 7 земји членки на Унијата. Евростат ги објави податоците за минималните бруто заработки на земјите членки, но и на кандидатите. Бројките покажуваат дека минималната бруто плата кај нас изнесува 624 евра и за 10 години се зголемила за 388 евра, односно во 2016-та изнесува 236 евра.

Ако се спореди по куповната моќ, според мерењата на Евростат Македонија е пред Србија, Црна Гора, Турција и Албанија, како и пред 7 други европски земји.

Евростат не ги прикажува износите на нето минималецот па токму тука Синдикатот критикува- макеоднскиот работник со 421 евро минимална плата е на самото европско дно. За месечните потреби според нивната кошничка, потребни се 2,6 минимални плати.

Иако според пресметките за куповната моќ (PPS) Македонија има вредност од 1.142, што ја става нешто повисоко на листата, ова не смее да биде причина за задоволство, затоа што нема работник што ќе каже дека со минималната плата во Македонија подобро се живее одколку во другите европски земји. Ова го потврдуваат и податоците од Вредноста на Синдикалната минимална кошничка која за јули изнесува 68.498 денари, додека минималната нето плата изнесува 26.046 денари. 

Куповната моќ не значи дека работниците живеат подобро, туку само ја споредува вредноста на платите во однос на цените.

Инаку, според Евростат, најниска минимална плата се исплаќа во Бугарија 620 евра, додека највисока во Луксембруг, над 2.770 евра. Според куповната моќ пак, највисок стандард имаат жителите во Германија, а најнизок во Албанија.