Loading Video...
Фудбал
9. February 2022 - 2:38

Палмеирас во финалето на Светското клупско првенство

Бразилската екипа Палмеирас е првиот финалист на Светското клупско првенство што се одржува во Абу Даби.
 
Со головите на Веига во 39-тата и Дуду во  49-минута, јужноамериканскиот шампион со 2:0 го совлада африканскиот првак Ал Ахли од Египет.
 
Кој ќе биде противник на Палмеирас во финалето закажано за во сабота (20.30 часот), ќе дознаеме вечерва откако европскиот шампиони Челзи ќе игра против азискиот првак Ал Хилал од Саудиска Арабија во натпреварот што ќе започне од 20 часот и 30 минути.