Loading Video...
Фудбал
1. January 2021 - 19:43
Пандев: Посакувам опстанок со Џенова и добар настап со Македонија на ЕП
Возраста на спортистите кои активно се занимаваат со професионално спорт расте со напредокот на науката и медицината.
Еден од поискусните кој настапува во италијанскиот фудбал е капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев кој и во новата година ќе продолжи со кариерата.
Со својот гол во грузија, Горан Пандев ја однесе македонската фудбалска репрезентација на европското првенство. Капитенот на националниот тим и натаму активно настапува во дресот на Џенова а се очекува и негов настап на континенталниот собир.
„ Во 2021 ќе наполнам 38 години и навистина мислам дека ова ќе ми биде последната година во кариерата. Најпрвин да обезбедам опстанок со Џенова во Серија А, а потоа со Македонија да го исполнам својот сон и да заиграм на ЕП, потоа ќе се пензионирам“, изјави Пандев.
Фудбалерот кој потекнува од школата на струмичка Беласица во кариерата играше во Специја, Анкона, Лацио, Интер, Наполи и Галатасарај а еден од најголемите успеси во кариерата му е освојувањето на ЛШ со Интер во 2010-тата година.
Пласманот на ЕП е пријатно изненадување и за првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин кој во интервју за српските медиуми ја пофали македонската репрезентација која ги елиминира Косово и Грузија до постигнувањето на својот најголем успех.
„Македонија ме изненади. Тие се добра екипа, со добар селектор, супер е што ќе играат на ЕП. Една мала земја која нема добра економска ситуација доби можност за промоција. Спортските успеси можат да го обединат народот во една држава“, изјави Чеферин
Македонија на ЕП е во група со Холандија, Украина и Австрија.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->