Папата Франциск го осуди терористичкиот напад во Москва

Папата Франциск денеска го осуди терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ недалеку од центарот на Москва и оцени дека тоа е гнасен, злобен чин со кој се навредува Бог.
Папата рече дека ги упатил своите молитви на жртвите од терористичкиот напад,
„Ги упатувам моите молитви до жртвите на гнасниот терористички напад во Москва. Господ да ги прими во свој мир, да ги утеши нивните семејства и да ги преобрати срцата на оние кои вршат такви нечовечки постапки кои го навредуваат Бога“, рече папата Франциск по Мисаta на плоштадот Свети Петар.
Според ажурираните податоци на руското Министерство за вонредни ситуации за Московската област, во терористичкиот напад што се случи во концертната сала „Крокус“ во близина на Москва загинаа 133 лица, а бројот на повредени се искачи на 152, од кои 114 се хоспитализирани.
Ново на Сител
-

Се уште нема потврда за средба од Софија, Мицкоски вели дека очекува средба на коњопој
-

Фехми Стафа тврди дека признал вина под притисок
-

Насилството кое децата го премолчуваат
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска Давкова: не се оди надвор без да се постигне консензус дома
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Нови апсења поврзани со проневера во „Државна лотарија“
-

Во четврток средба Муцунски – Петрова во Софија
