Папата Лав и патријархот Вартоломеј во заедничка декларација ја отфрлија употребата на религијата за оправдување на насилството

Папата Лав XIV и Вселенскиот патријарх Вартоломеј во заедничка декларација денеска нагласија дека отфрлаат каква било употреба на религијата за оправдување на насилството.
„Веруваме дека автентичниот меѓуверски дијалог, кој е одложен поради синкретизам и конфузија, е од суштинско значење за коегзистенцијата на луѓето што припаѓаат на различни традиции и култури“, се наведува во декларацијата потпишана од папата и патријархот во Истанбул, објави Анса.
Во исто време, тие ги повикаа сите луѓе со добра волја да работат заедно за да изградат поправеден и поцврст свет, како и да се грижат за она што Бог ни го доверил.
„Само на овој начин човештвото ќе може да ја надмине рамнодушноста, желбата за доминација, алчноста за профит и ксенофобијата“, се наведува во декларацијата.
Папата Лав XIV претходно денеска во Истанбул ја посети џамијата Султан Ахмед, позната и како „Сина џамија“, за време на третиот ден од неговиот престој во Турција, на неговото прво апостолско патување во странство.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тринаесетгодишно дете загина во сообраќајна несреќа во кумановско Черкези
-

Над 14 илјади пријавени сторители на кривични дела во 2025, најчести деликтите против имотот и прекршоците во сообраќајот
-

Лишен од слобода кумановец кај кого била пронајдена бела прашкаста материја
-

Сараево заинтерсиран за Азер Омерагиќ
-

Македонските кикбоксери во поход на балкански медали: 108-члена репрезентација ќе настапи во Нови Сад
-

Второ порибување на Маврвско Езеро во пресрет на Светско првенство во риболов на крап
-

Грција разгледува мерки за олеснување на протокот на патници и возила на граничните премини
