Парламентот ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили
Таравари, Беџети и Исмаили веќе не се министри во владата на Мицкоски. Без да ја искористат можноста за образложение, Парламентот ги констатираше нивните оставки откако одлучија да заминат во опозиција.
Одлуката на Таравари за одвојување ја прекрои и пратеничката група на ВРЕДИ. Девет пратеници го официјализираа новиот состав, но најавија дека бројот на пратеници ќе расте. Ги повикаа и четворицата пратеници од Алијанса да се вратат повторно назад.
-До денеска пратеничката група на Влен брои девет члена, додека во наредните денови верувам ќе ни се придружи десеттиот член, потоа единаесеттиот, а зошто да не и 14 и практично со тоа со десет членови ние сме најголемата албанска албанска пратеничка група во Собранието, вели Ќоку.
По оставката на пратеникот Салим Сулејмани, Таравари остана со само четворица пратеници, без можност да има своја пратеничка група. Тоа пак ќе им донесе пратеник плус на ВРЕДИ, бидејќи следна на листата е кандидатката на БЕСА Валбона Адили Емини. Таа на социјалните мрежи веќе им се заблагодари за довербата на гласачите и најави чесно работење во Парлментот.
Од ВРЕДИ не негираат дека имаат разговори и со пратеници од Европскиот Фронт, но дали некој ќе премине во мнозинството засега не откриваат.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар