Парното со иста цена, водата со стари проблеми – РКЕ подготвува законски решенија
Цената на парното во Скопје останува иста одлучи Регулаторна. Топлинската енергија која ја дистрибуираат трите системи во градот ќе се плаќа како до сега се до носење на нова одлука. РКЕ не го добиле извештајот за проценка за работата на топланите па поради тоа не можеле да направат финална пресметка. Ова не е првпат регулаторите да не носат нова цена во јули, таков случај имаше пред две години кога поради пожарот беше ставен во прекин цевководот на мостот Беласица.
Се подготвуваат измени на две законски решенија со кои ќе се реши конечно проблемот со загубите на вода. Бислимовски вели согласни се и водоводните претпријатија за овие измени. Уверува дека на овој начин ќе се загарантира подобро и посигурно снадбување со вода без драстични поскапувања.
Снадбувањето со вода се уште е проблем за голем број населби во Скопје. Некаде чешмите се целосно секнати а други имаат проблем со мал притисок на вода. Според надлежните проблемот е поради преоптеретената водововна мрежа и нерационалното трошење на вода. Количината која ја добиваат од изворот Рашче е 3000 литри во секунда а во главниот град на лето се троши многу повеќе.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар