Партиите далеку од договор за измени во Изборниот законик
Пропаѓаат обидите за една изборна единица на парламентарни избори, отворени листи на локали и еден круг за градоначалници. Најголемите партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и официјално излегоа со различни ставови за измените во Изборниот законик.
Од СДСМ велат дека поддржуваат една изборна единица, но дека без консензус не е прифатлива измена на изборниот модел.
Коалициската ДУИ пак, е против една изборна единица. Тие бараат изборен модел кој ќе ја рефлектира, како што велат, разниликоста на државата.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак, смета дека власта е лицемерна кон помалите партнери на кои им ветила ваков модел, а сега поради коалициската ДУИ се повлекува.
Ставовите на партиите доаѓаат во пресрет на меѓупартиската работна група за измени на Изборниот законик што ја води министерството за правда. Една изборна единица и отворени листи најмногу заговараат малите партии кои и поднесоа и законски измени. Владата пред два дена даде негативно мислење за нивниот предлог упатувајќи на тоа дека изборниот модел треба да биде променет со консензус.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
