Партиите не се договорија за иднината на СЈО, Законот влегува во Собрание
Без поголем напредок во преговорите меѓу власта и опозицијата за законот за обвинителство парламентот утре ќе ја почне постапката за негово носење, најавуваат од владејачкотот мнозинство. За во четврток власта планира да почне и комисисиката расправа по него.
Последната рудна разговори заврши единствено со усогласеност за тоа дека специјалниот обвинител не може по автоматизам да биде префрлен во републичкото обивнителство, што е очигледно решение имајќи пред вид дека Катица Јанева е во притвор за случајот Рекет.
Се уште најголеми разлики меѓу власта и опозцијата се оние за тоа дали и како да продолжат постапките на специјалното обвинителство покренати по 30 јуни 2017 година.
Од друга страна,опозицијата стои на ставот дека тоа не во согласност со сегашниот закон за СЈО. Најавуваат дека утре нема да гласаат за потребата за негово носење, кој како што велат е поднесен од СДСМ и ДУИ, без нивна консултација. Но, не исклучуваат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се вклучат во амандманската расправа на законот.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека не ги загорзуваат евроинтеграциите ако законот не се донесе навреме Советот на ЕУ да одреди датум за преговори за членство.
Власта и опозциијата се усогласиле принципелно е да нема продолжување на мандати по автоматизам, но власта бара и да не се кратат тековните мандат на обвинителите од СЈО и од обвинителство на организиран криминал и корупција. Опозицијата пак, повторува дека иако има мандат Вилма Рускоска не е прифатлива за обвинител на новото обвинителство бидејки била поврзана со СДСМ.
Се бараат решенија за вработените во редовен работен однос од СЈО , додека за истражителите од СЈО во игра се две опции – да се префрлат во новото обвинителство или да се вратат во МВР, а потоа да се формира нов истражен центар. За опозцијата битно е пак, дали истрагата ќе покаже вмешаност и на други вработени од СЈО во „Рекет“.
Иако без поголем напредок, работните групи продолжуваат со работа, а наредната средба веројатно ќе биде уште во среда.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
