Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

На прес-конференцијата во просторитие на партијата „Вреди“ во Тетово, партискиот портпарол Дритон Сулејмани информираше дека нивниот кандидат Јакуп Хусеини не освоил доволно гласови за да се пласира во вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница.
Сулејмани изрази благодарност до Хусеини, за кого рече дека дал максимум во овој процес.
- Контактираше со сите жители на Општина Брвеница, ја претстави својата платформа пред нив. Но, желбата на граѓаните е таква каква што е. „Вреди“ ќе ги поддржува сите населени места во кои живеат Албанци. Ние ќе продолжиме да го одржуваме зборот, досега сме одвоиле над еден милион евра за населени места со претежно албанско население и овој тренд ќе продолжи и во идните години. Никогаш не сме правеле разлика кој ја менџира општината, кој бил градоначалник и од која политичка партија бил. Општината добила поддршка без резерва за сите проекти што биле поднесени до Владата, така ќе продолжиме и понатаму, истакна Сулејмани.
На новинарско прашање кого партијата „Вреди“ ќе поддржи во вториот круг избори, Сулејмани рече дека треба да одлучи претседателството на партијата. Тоа што Јајуп Хусеини му честитал на Аркин Јахији, Сулејмани го оцени како висок демократски потег.
МИА
Ново на Сител
-

АХВ продолжува со вонредните инспекциски контроли на зелените пазари - запленети уште 5 тони небезбедна храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски најави 8 денари помош за килограм откупена арпа
-

Премиерот Мицкоски очекува убедлива победа во вториот круг во Брвеница
-

СДСМ: Власта ги објави резултатите од болните во Брвеница пред да се отворат кутиите
-

Министерот за правда ги стартува разговорите за решение за правосудниот испит
-

Мицкоски: Со Окта се преговара за 2 денари попуст за дизелот
-

Неопходна е навремена превенција на ризичните однесувања кај младите
