Македонија
21. December 2025 - 16:29

Патот до Галичица затворен

Со затворањето на патниот правец кон Галичица се зголемува ризикот за оние кои не се откажуваат од планината.

Од планинарската спасителна служба најавија дека нема да интервенираат при заглавени возила на забранетито пат, ќе помагаат само  на загрозени и завеани лица бидејќи како што велат најголемиот број на интервенции се токму во Националниот парк.

Оваа година планинарската спасителна служба интервенирала при 33 несреќи.

Патот во зима со децении е затворен оние кои не ги почитуваат сообраќајните правила и самоиницијативно возат ќе подлежат и на казни ,сообраќајот за љубителите на планина е дозволем до месноста Корита.