Печката експлодирала а тогаш од нејзе почнала да излегува огромна змија: Со саати ја тепале за да ја убијат!

Голема змија долга повеќе од 10 метри откриена е на градилиште на северот во Бразил. Огромниот рептил тежок 400 кг. го пронашле градежни работници, по експлозија во печка во Алтамир, март оваа година.
Сликите кои ги направил еден од работниците го покажуваат огромното тело на змијата. На снимката се гледа дека анакондата е врзана за кран.

Многу корисници ги критикувале работниците поради тоа што ја врзале и очигледно убиле змијата, наместо да ја остават во нејзината природно живеалиште. Не е откриено дали навистина тие ја убиле змијата, односно тоа тие не го признале. Постојат информации дека тие со часови ја тепале се додека не ја убиле.

- Не сум сигурен дали станува збор за вистинска змија но ако е вистина штета што ја убиле. Толку голема змија со сигурност би имала долг животен век, па е вистинска штета што е убиена - рекол еден од корисниците.
Светскиот рекорд како најголема змија моментално го држи Медуса, змија од Канзас Сити во САД, која е подолга 7 метри.
Ново на Сител
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
-

Повеќе од 3000 граѓани со стомачни тегоби во Гостивар побарале лекарска помош
-

Политички реакции за епидемијата на заразна болест во Гостивар
-

Пад на трошоците за живот во јули: Синдикалната минимална кошничка намалена за 156 денари
-

Новите амбасадори во Лондон, Хаг и Камбера добија зелено светло од Собранието
-

ДКСК одлучуваше по 66 предмети
-

Преглед на вестите од светот
-

Денеска резултати од тестирањето на водата во Гостивар
