Педесетница (Духовден) – Слегување на Светиот Дух и роденден на Црквата

Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден). Педестница спаѓа меѓу големите Господови празници. Меѓу народот е познат со повеќе имиња, како Дуовден, Доедни, Свети Дух, Педестница итн.
Се празнува десет дена по Спасовден (Вознесение Христово), а педесет дена по Велигден (Воскресение Христово). Духовден го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, или како што го нарекуваат светите отци „Роденденот на Црквата“. На 10-тиот ден од Христовото вознесение, а на 50-тиот од Неговото воскресение, на еврејскиот празник Педесетница, Светиот Дух слезе врз апостолите во вид на пламени јазици, а тие се исполнија со сила и добија дар да зборуваат на разни јазици.
За црквата овој настан има посебно значење затоа што Светиот Дух од тоа време, па се до денес не ја напушта и непрестано слегува врз црквата на литургијата, во молитвите, во сите дела.
Тој е оној Дух по кој христијанскиот живот се нарекува духовен. Педесетница е еден од најсветлитe празници во христијанството и претставува исполнување на старозаветните пророштва. Во Стариот завет луѓето знаеа само за Бог, со раѓањето на Христос го видоа Единородниот Син, а на Педесетницата го запознаа третото лице на Света Троица – Светиот Дух.
Ново на Сител
-

Уапсен тетовец, возел со 1,90 промили алкохол во крвта
-

Москва: Правото и здравиот разум надвладеаја во договорот на ЕУ за Украина
-

Најстудено во Скопје, Битола, Струмица и Берово со измерени -4
-

Денеска се празнува Свети Никола Чудотвроец, архиепископ Мирликијски
-

Спроведени 262 контроли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, утврдени се минимални недоследности
-

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
-

Мицкоски на промоција на Националната стратегија СМАРТ/МК 2030
-

Осомничениот за масовното пукање на Универзитетот Браун пронајден мртов
