Пеколните горештини ги полнат невролошките одделенија во болниците
Невролошките одделенија се преполни со пациенти кои најмногу страдаат од пеколните горештини. Од обични колапси до мозочни удари се приемите во Ургентниот Центар во ГОБ 8-ми септември каде гужвите се и преку ден и во ноќните часови. Лекарите велат дека ги третираат и тие кај кои дошто до варирање на крвниот притисок поради високите температури, но и посериозните состојби кои бараат итна хоспитализација.
-Имаме со мозочни удари, зачестена е бројката на пациенти со мозочни. Можеби ова е и една прилика да пратиме апел до сите пациенти кои имаат покачен крвен притисок, покачени маснотии или дијабет, редовно да ја земаат терапијата, редовно да мерат притисок и гликемија и доколку има потреба не на своја рака, во консултација со лекарите што ги водат да направат модификација, вели д-р татјана Делева Стошевска, невролог во ГОБ 8-ми септември.
Нема ограничување во возраста кај оние кои може да имаат последици по здравјето од временските промени. Со мозочен удар е хоспитализиран пациент помлад од 30 години а колабирање може да има и 20 и 80 годишен.
-Возраста веќе не е критериум што одлучува дали некој ќе има или не мозочен удар. Препораките важат подеднакво за сите возрасти, вели др Стошевска.,
Повеќе вода, помалку солено, лесна облека и избегнување на горештините во периодот од 11 до 17 години. Ова се стандардните преораки за кои секоја година алармираат лекарите а кои треба да ги почитуваме сите.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар