Loading Video...
Фудбал
15. December 2021 - 15:59

Пелистер последен патник во 1/2 финалето на Купот на Македонија

Екипата на Пелистер е последниот патник во полуфиналето на фудбалскиот Купот на Македонија. 
 
И во последниот натпревар од четвфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија, како и на првите три, пеналите го решија победникот.  Средбата одиграта попладнево во Битола, меѓу  Пелистер и Вардар заврши без голови 0-0, па пеналите го промовираа Пелистер со во полуфиналист 
 
Во пенал „рулетот“ одличен беше домашниот голман Трајчевски кои ги одбрани ударите во четвртатата и петтата серија, па со конечни 3-2 пелистерци се изборија за место во полуфиналето во кое веќе се пласираа, бранителот на трофејот, кратовски Силекс, потоа Македонија ЃП и екипата на Струга Т.Л. 
 
Двојките за претпоследната рунда ќе бидат одредени со ждрепка, а во оваа фаза ќе се играат два натпревари.
 
Со тој натпревар практично ќе биде заокружен и есенскиот дел од сезоната, по што следува пауза во мак фудбалот се до 13 февруари следната година.
 
ФУДБАЛ КУП НА МАКЕДОНИЈА 1/4 ФИНАЛЕ 
ПЕЛИСТЕР -  ВАРДАР 3 – 2 пенали (0-0) 
СИЛЕКС -  БРЕГАЛНИЦА 6 – 5 пенали (1-1)
МАКЕДОНИЈА ЃП -  ШКУПИ 4 – 1 пенали (0-0)
ШКЕНДИЈА -  СТРУГА Т.Л. 3 – 4 пенали (0-0)