Пендаровски потпиша указ за амбасадор во Софија и без сослушување во собранието
По пет месеци, без да бидат сослушани пред собраниската комисија, Пендаровски даде амин за амбасадорите во Софија и Брисел. Шефот на државата ги потпиша указите за сите пет кандидати, но тројца од нив ги презентираат своите приоритети, но не и кандидатите за амбасадори во Бугарија и Белгија. Од кабинетот на претседателот за Сител велат, биле запазени сите законски услови за нивно упатување. Агнеза Руси Поповска заминува во амбасадата во Софија а Методија Беловски во Брисел. За сите нив МНР упатило барање до собраниската комисија за надворешни работи за закажување седница, но со оглед дека постоеле опструкции не се закажувале седници.
„ Од необјасниви причини, не се одржани седници на кои на кандидатите за амбасадори во Брисел и Софија ќе им биде овозможено претставување на тезите. За сите пет кандидати се исполнети законските услови за упатување, а имајќи ја предвид важноста дека Брисел и Софија се важни политички центри, претседателот потпиша укази за поставување и на овие амбасадори.“
Освен за нив, Пендаровски стави потпис и за уште тројца амбасадори, Агрон Буџаку во Канада, Дритон Кучи во Кралството Норвешка и Евгенија Илиева во Словачка Република. Последната седница на собраниската комисија за надворешни работи која се одржа во средата, беше прекината без образложение без да бидат до крај сослушани сите пет кандидати. ВМРО ДПМНЕ од чија партија е пратеникот кој заседава со комисијата, оценуваат дека со овој потег е направен преседан. Инаку за дел од овие дипломатски претставништва, Македонија со години немаше свои амбасадори.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
