Пентагон: САД ќе повлечат 5.000 војници од Германија

САД ќе повлечат 5.000 војници од Германија, објави Пентагон.
Главниот портпарол на Пентагон, Шон Парнел, изјави вчера дека се очекува повлекувањето да биде завршено во следните шест до 12 месеци.
Овој потег доаѓа во услови на растечки тензии меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Европа околу војната во Иран.
Трамп претходно оваа недела се закани дека ќе го намали бројот на американски војници во Германија по судирот со германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој во понеделникот рече дека Иранците ги понижуваат САД во разговорите за завршување на војната.
Трамп во средата изјави дека Пентагон размислува за повлекување на дел од 40.000 американски војници стационирани во Германија.
Тој на социјалните мрежи изјави дека се разгледува распоредувањето на американските сили во Германија, каде што е седиштето на Европската команда на САД.
МИА
Ново на Сител
-

Реализација на владините ветувања
-

Млекарите од Пијанец најавуваат блокади на патиштата, а млеко ќе се дели гратис, наместо да се истура
-

Сп 2026: Аргентина - Алжир со 3-0 со хет-трик на Меси
-

Сиљановска: Не очекувам да се нарушат односите со Бугарија
-

Јотова загрижена за бугарскиот амандман за извештајот за Македонија - почна дебатата во ЕП
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Приведен 44 годишeн скопјанец за палењето на возилата на бугарската амбасада
-

Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово вредна 21 милион евра ќе отвори речиси 500 работни места
