Пензионерите од Штип на протест
Не поминаа ниту два дена од исплатата на октомвриоската пензија, а пензионери останаа со празни паричници. Откако ќе си ги платат режиските трошоци и ќе си ги купат неопходните медикаменти, за живот, велат не им останува ништо.
- Само рецепти и сметки од лекови имам во новчаникот. Ништо не ми остана! Јас ја плаќам сметката за вода на син ми, тој е невработен. Неговата сметка, апчињата и од 15.000 кажете ми што ми останува, прашува пензионерка од Штип.
- Ова е срамота и греота. Еве сега ја земав пензијата, 8000 денари ми останаа, остатокот ми го запреа во банката за кредитот-изјави пензионерка од Штип.
Штипските пензионери и денес протестираа на градскиот плоштад „Слобода“, за да покажат дека ќе останат острајни во своите барања, 5000 денари линеарно покачување и минимална пензија од 18 000 денари. Од Инцијативниот одбор побараа масовност на претсојниот протест кој ќе се одржи на 7-ми ноември пред амабасадите во Скопје.
- Нека ја видат нашата слика и нашиот живот. Нека раскажат дека пензионерите во Македонија своите права си ги бараат на улица, изјави Соња Арсова од Иницијативниот одбор во Штип.
Револтот го искажаа и со протесен марш до канцелариојата на подрачната единица на ПИОМ во Штип.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар