Loading Video...
Фудбал
4. March 2022 - 10:56
Перфектен учинок на домаќините во дуелите од Евролигата
Перфектен учинок на домаќините во првите четири средби од 28-рунда во Евролигата. На сите натпревари победа остварија домашните тимови.
Анадолу Ефес славеше над Фенербахче со 84-79 во турското дерби.
Во Белград, Црвена Звезда ја победи шпанската Басконија со 86-83, а во Белин Алба славеше над Жалгирис со 82-74.
Водечката екипа на табелата Барселона го победи Монако со 88-83 и се зацврсти на првата позиција сега со две победи повеќе од лутиот ривал Реал кој во оваа рунда требаше да гостува во Москва кај ЦСКА, но тој како и натпреварите Макаби Т.А. - Зенит и Уникс - Вилербан нема да се играат поради санкциите, односно суспензијата која ја добија руските екипи, поради конфликтот во Украина.
Така денеска на програмата се само два натпревари, и тоа, Панатинаикос – Армани Милано и Баерн Минхен – Олимипијакос.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->