Песков: Не може да има целосна изолација на Русија
Кремљ соопшти дека не е можно целосно да се изолира Русија, додека Западот продолжува да наметнува санкции против Москва, пренесуваат странските агенции.
„Не може да има целосен вакуум или изолација на Русија, тоа е технолошки невозможно во современиот свет. Светот е многу поголем од Европа. Порано или подоцна ќе треба да изградиме дијалог, без разлика дали некои во странство тоа го сакаат или не“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за руската државна телевизија.
Зборувајќи за можноста рускиот претседател Владимир Путин да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Песков рече дека тоа би било „хипотетички возможно“, но дека ќе бара писмен документ договорен од двете страни во мировните преговори со Киев.
За да се одржи средбата, Песков рече дека делегациите мора да подготват „конкретен документ“. „Не збир на идеи, туку конкретен пишан документ“, додаде тој.
Ново на Сител
-

Пет лица се повредени во руски напад врз Киев
-

Две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони кон нашата земја
-

Фон дер Лајен телефонски ќе разговара со Зеленски и други европски лидери
-

Трамп во пресрет на сoстанокот на Флорида: Зеленски нема ништо додека јас тоа не го одобрам
-

Пожарникари го извлекоа телото на кавадарчанец кој загинал по пад од карпа при лов
-

Земјотрес со интензитет од три степени во Охрид
-

Што донесоа договорите за слободна трговија на ЕУ на божиќните трпези на Европејците
-

Двајца загинати и 26 повредени во судар северозападно од Токио во кој учествувале повеќе од 50 возила
