-->
-->
Пет лица загинаа, меѓу кои и две деца, во невреме во Полска
-->

Пет лица загинаа во вчерашното невреме во Полска, откако паднале дрвја врз нив, кога налети на ветровите достигнуваа 155 километри на часВо градот Рабка-Здрој двајца возрасни и едно дете загинаа под дрво, соопштија пожарникарите.
Во Закопане 23-годишна жена и деветгодишно момче загинаа во слични околности.
Пожарникарите вчера изутрина интервенирале 140 пати за да ги отстранат дрвјата од улиците и да им помогнат на сопствениците на куќи со уништените покриви, јавуваат локалните медиуми.
Силни ветрови ја погодија јужна Полска по три дена невообичаено топло време. На 30 март температурите достигнаа рекордно високо ниво за март, 26,4 степени беа измерени во градот Тарнов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Денеска се одбележува Задушница, споменот на починатите
-

Нов пристап за стручни кадри во Штип
-

Обуки за спасители на вода
-

Левица бара интерпелација за министерот Панче Тошковски
-

Започна судењето за апелациониот судија Ѓоко Ристов, кај кого беа најдени 350.000 евра
-

СДСМ: Нема пари за референдум, а има за криминални тендери и нов авион?
-

Подготвени измените на законот за нефер трговија
-

85-годишна жена го загуби животот во пожар во семејна куќа во Пинтија
