Пет загинати и десетици повредени од пукањето во ноќен клуб во Колорадо Спрингс
Пет загинати и десетици повредени е епилогот од пукањето во ноќен клуб во Колорадо Спрингс, пренесуваат американските медиуми. Клубот каде се случил инцидентот бил ориентиран кон хомосексуалци и возрасни и во него се одржувале вечери со караоке и диџеи. Од полицијата соопштија дека напаѓачот е уапсен, но не кажаа дали и тој е меѓу повредените.
Со порака на социјалните мрежи излезе и клубот КЈУ кои соопштија дека се благодарни за брзите реакции на посетителите кои го совладале напаѓачот и ставиле крај на овој напад од омраза.
Засега нема информацијата кој е мотивот за вооружениот напад.
На полноќ истекува рокот на приштинската влада за пререгистрацијан на возилата и од утре ќе има казни од 150 евра за косовските Срби без соодветните таблици. Дали Курти и Вучиќ ќе постигнат договор на 21 ноември во 8 часот во Брисел и ќе спречат нова драма на Косово.
Српскиот претседател во денешното гостување на Прва српска кажа дека во белгиската престолнина ќе оди без оптимизам дека нешто ќе се смени. ке биде казнет со 150 евра.
–Ќе отидам за да не им дадеме причина да ја обвинат Србија дека не сака да учестввуа во нешто. Инаку нашето е кристално јасно – рековме формирање заедница на српските општини и под два укинување на таблиците, изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија.
Српскиот претседател признава дека ситуацијата е потешка отколку во последните 10 години и дека не се проблем само табличките, туку дека целта е и признавањето на косовската војска.
Дали ќе има европски излез ќе се знае по утрешната средба во Брисел.
Турција бомбардираше делови од Сирија и Ирак по минатонеделниот бомбашки напад во Истанбул. Воздушните напади биле насочени на курските групи кои Анкара ги смета за одговорни за нападот. Од туското министерство за одбрана соопштија дека воени авиони ги нападнале базите на забранетата Курдинстанска работничка партија и Единицата за заштита на сирискиот народ.
Воздушните напади следуваат по експлозијата на бомба на 13 ноември во центарот на истамбул каде загинаа 6 лица а 80 беа повредени.
Доналд Трамп повторно на твитер. Новиот сопствени кна оваа социјална мрежа Илон Маск изјави дека профилот на поранешниот американски претседател е реактивиран бидејќи така гласале корисниците. По спроведената анкета, Маск напиша дека 51,8 проценти од повеќе од 15 000 корисници на платформата гласале да биде вратен профилот на Трамп.
Инаку, поранешниот американски претседател во 2021 беше суспендиран од Твитер поради ризик дека поттикнува и повикува на насилство.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
