Пет загинати и десетина повредени во автобуска несреќа на автопат во Њујорк
Туристички автобус излета од патот и се преврте во американската сојузна држава Њујорк, при што загинаа најмалку пет лица, а десетина се повредени, соопштија локалните власти.
Меѓу загинатите е и едно дете, изјави портпаролот на државната полиција Џејмс О’Калаган. Повеќето од патниците биле од азиско потекло. Меѓу нив имало кинески, индиски и филипински државјани.
Несреќата се случила на автопатот 90, околу 30 милји источно од Бафало, додека автобусот се движел од Нијагарините водопади кон Њујорк.
О’Калаган рече дека возачот на автобусот, кој се движел со „полна брзина“, ја изгубил контролата и удрил во заштитна ограда, предизвикувајќи превртување на возилото. Некои патници биле исфрлени од своите седишта, додека други биле заробени во остатоците од возилото.
Во несреќата не биле вклучени други возила.
Властите го затворија автопатот во двата правци по несреќата.
МИА
Ново на Сител
-
Кина очекува прифатливо решение за сите страни во војната во Украина
-
Пожарникари се борат со голем шумски пожар на хрватскиот остров Брач
-
На аеродромот во Атина откриени 500 килограми дрога Кат во вредност од 1,5 милиони евра
-
ФСБ спречила обид на украинските служби да активираат автомобил - бомба на Кримскиот мост
-
Кина постави обемен ВИ-модел на Кинеската вселенска станица
-
ПОЦ: Минатата недела санкционирани се 103 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
-
Поведена постапка против осум лица за масовната тепачката на „Славеј Планина” во Скопје
-
Зеленски се надева дека заедничката сила на Украина и Западот ќе ја присили Русија на мир