Loading Video...
Свет
26. August 2025 - 16:36

Преглед на вестите од светот

Израелската армија продолжува со копнената  офанзива за заземање на градот Газа додека  низ Изарел продолжуваат протестите на кои се бара   од премиерот   Нетањаху  да постигне договор со Хамас за завршување на војната и  ослободување на преостанатите  заложници.

-Трамп, ако се залага за прекинување на војните, ако се залага за ослободување на заложниците, треба да си стои на зборот и да го принуди Нетанјаху да ја прекине војната и да постигне договор за заложниците, изјави Јехуда Коен, татко на заложник.

-Ова е ден на отпор. Народот на Израел ја повикува израелската влада да го прифати договорот што е на маса, да го прекине крвопролевањето што се случува, да ја прекине катастрофата, болката и страдањето што се случуваат во овој регион, изјави Џипи Хајтовски, демонстрант.

Премеирот Нетањаху  порача дека Израел  ке го победи Хамас и ќе врати сите свои заложници. Зборувајќи за вчерашниот израелскиот напад врз болницата Насер во Газа  во кој загинаа 20 луѓе, вклучувајки 5 новинари и медиусмки работници , тој рече дека војската  спроведува темелна истрага. Нападот предивика остри осуди од ОН, ЕУ,светските лидери и  новинарските асоцијации.

-Убиството на новинари во Газа треба да го шокира светот, не во зашеметена тишина, туку во акција што бара одговорност и правда, Тамин Ал Хитан, портпарол на канцеларијата на ОН за човекои права.

Американскиот претседател  Доналд Трамп најави дека во наредните 2-3 недели ќе има  конечен крај на војната,  но не соопшти повеќе детали.   

Францускиот премиер Франсоа Бајру објави дека од парламентот ќе побара гласање за доверба на владата  на 8 септмеври во врска со буџетот за 2026 година кој предвиува кратења од 43,8 милијради долари.   Бајру, кој предводи малцинска влада изјави дека  гласањето за доверба ќе покаже дали другите партии се подготвени да го подржат неговиот план за намалување на националниот долг.

-Непосредна опасност ни се заканува, со која мора да се соочиме, не утре или задутре, туку денес без никакво одложување. Нашата земја е во опасност затоа што сме во опасност од презадолженост, изјави Франсоа Бајру, премиер на Франција.

Опозицијата остро се противи на планот за буџетски кратења  кој предвидува- намалување на бројот на вработени во јавниот сектор, солидарен придонес за најбогатите, реформи на пензискиот систем, како и укинување на два државни празника Велигендски понеделник и 8 мај Денот на победата над нацизмот во Европа.

Доколку владата на Бајру го изгуби гласањето за доверба, претседателот Мануел ќе има неколку опиции. Веднаш да именува нов премиер, да побара Бајру да остане на чело на преодна влада или да распише нови претседателски избори.

Американскиот претседател Трамп ги заострува односите со ЕУ, заканувајќи се со санкции против европски функционери и земји членки за законот за дигитални услуги. Според Трамп, европскиот закон ја ограничува слободата на говор, ги цензузира американските конзервативни статови и им наметнува неправедни трошоци на американските технолошки компании како Мета.

ЕК од своја страна вели дека законот се фокусира на модерирање на содржина и има за цел да создаде  побезбеден интернет простор. Платформите мора да  преземат повеќе активности против незаконска содржина, вклучувајќи говор на омрза и материјали за сексуална злоупотреба на деца потенцира Комисијата.