Пет загинати и десетина повредени во автобуска несреќа на автопат во Њујорк
Туристички автобус излета од патот и се преврте во американската сојузна држава Њујорк, при што загинаа најмалку пет лица, а десетина се повредени, соопштија локалните власти.
Меѓу загинатите е и едно дете, изјави портпаролот на државната полиција Џејмс О’Калаган. Повеќето од патниците биле од азиско потекло. Меѓу нив имало кинески, индиски и филипински државјани.
Несреќата се случила на автопатот 90, околу 30 милји источно од Бафало, додека автобусот се движел од Нијагарините водопади кон Њујорк.
О’Калаган рече дека возачот на автобусот, кој се движел со „полна брзина“, ја изгубил контролата и удрил во заштитна ограда, предизвикувајќи превртување на возилото. Некои патници биле исфрлени од своите седишта, додека други биле заробени во остатоците од возилото.
Во несреќата не биле вклучени други возила.
Властите го затворија автопатот во двата правци по несреќата.
МИА
Ново на Сител
-
Дрон уништи конвој на ОН со храна за гладните во Дарфур
-
Без вода дел од општина Центар
-
Поради технички зафати без струја неколку улици во Бутел, Центар и Аеродром
-
Променливо облачно и ветровито со локален дожд и грмежи
-
Ангелов: Силниот ветер ја влоши состојбата со пожарот во „Јасен“, но не се повлековме и ги сопревме пламените јазици
-
Претседателката Сиљановска-Давкова ќе ги отвори 64. Струшки вечери на поезијата
-
Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура
-
Се уште активен пожарот во „Јасен“, изгаснати 12, еден под контрола