Петкашите на тест за влез во 3 средни училишта
Дали некој завршил со врски основно училиште сега ќе излезе на виделина, ученици полагаат приемен испит за упис во три средни училишта.
Во скопската гимназија Орце Николов се пријавиле поголем број ученици со просек 5,00 и согласно законот е организиран квалификационен тест кој ќе ги елеминира послабите ученици. Над 300 ученици денеска полагаа тест по македонски и математика. На конкурсот биле отворени 285 места а во првиот уписен рок се пријавиле 353. Од нив 34 ученици се со дипломи од државни и меѓународни натпревари и тие се упишани без приемен тест. Родителите велат тестот е во ред но се против начинот на кој се спроведува.
Од МОН велат дека согласно законот во ситуации кога се пријавиле повеќе ученици со ист број на бодови се организира квалификационен тест. Приемен тест полагаат и учениците кои се пријавиле во албанските паралелки во средното Панче Караѓозов и во средното Димитар Влахов во Струмица за медицински смер.
Резултатите и листата на примени ученици ќе биде објавена до крајот на денот. Вториот уписен рок е на 21 и 22 јуни, а третиот на 28 јуни.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
