Петков: Апсењата на Борисов и неговите соработници покажуваат дека никој не е над законот
Бугарскиот премиер Кирил Петков, во видео порака лиферувана од прес-службата на бугарската Влада, изјави дека апсењата на поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, поранешниот министер за финансии, Владислав Горанов, и Пи-Арот на Борисов, Севдалина Арнаудова, покажуваат дека никој не е над законот.
Петков во пораката кажува дека Европското обвинителство во моментов ја истражува злоупотребата на европските фондови и средства. Но, тој запраша каде е бугарското обвинителство и дали конечно ќе застане на страната на бугарскиот народ.
Мојата улога е да им дадам целосна слобода на сите тела да дејствуваат во согласност со нивните законски овластувања. Никој не треба да се плаши од вистината! Само без страв од недопирливите бугарија може навистина да се промени, додаде Петков.
Бугарскиот премиер потврди дека вчера бил сослушан во Националната полиција поради што беше одложена владината седница.
Претседателот на Бугарија Румен Радев од Стара Загора каде што е во посета коментираше дека не се меша во работата на органите на прогонот, но правдата нема да надвладее додека судот не донесе одлука.
Ново на Сител
-

Кај кавадарчанец пронајдена дрога и пари при претрес на „Тиквешки гроздобер“
-

Полицијата приведе маж од Македонски Брод осомничен дека предизвикал пожар
-

Американските пратеници му презентирале на Путин нови идеи за прекин на војната во Украина
-

Не стивнуваат пожарите во Албанија, вчера регистрирани 21, активни 11 пожари
-

Од 15 до 30 минути се чека на Богородица за излез од земјава
-

Новиот изглед на Трамп предизвика реакции на социјалните мрежи
-

ЦУК: Активни се пет пожари во неколку општини
-

Сончево и топло со температури од 30 до 37 степени
