Пијан ја претепал партнерката, ја давел за вратот и скршил ребро и градна коска

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишен скопјанец поради основано сомнение дека сторил кривично дело телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Како што информираат од Јавното обвинителство, инцидентот се случил на 14 јануари во дом во скопската населба Гази Баба, каде што оштетената привремено престојувала. Осомничениот, кој бил во видно алкохолизирана состојба, физички ја нападнал својата партнерка, удирајќи ја по главата и телото, ја давел за вратот и ѝ се заканувал со нож, замавнувајќи кон неа.
Жената била спасена од двајца потстанари во истата куќа, кои ја извлекле од просторијата и повикале полиција. Кај жртвата биле констатирани повеќе телесни повреди, меѓу кои пукнатина на ребро и на градна коска.
Основното јавно обвинителство Скопје предложил на осомничениот да му биде определена мерка притвор поради опасност од бегство.
МИА
Ново на Сител
-

Орбан: Украина бара ресурси за следната деценија што би ја задолжиле Унгарија со децении
-

По неколку одлагања и две операции на тестиси газдата на „Дурмо турс“ во „Идризово“
-

Празно плико издаде 23-годишна измамничка со лажни огласи на социјалните мрежи
-

Зеленски им предложи на САД да го киднапираат Кадиров, доби жесток одговор од чеченскиот лидер
-

Божикна средба кај Архиепископот Стефан
-

Мицкоски: Со измените на Кривичниот законик СДСM и ДУИ создадоа можност да се амнестираат самите, со што го контаминираа правосудството
-

Зголемени водостоите на езерата, значително покачени и нивоата на Црна Река, Вардар, Треска
-

ЦУК: Поплави и тешкотии во сообраќајот во повеќе региони
