„Пики блајндерс“ ќе добие и филм и нови епизоди

Познатата ТВ-серија „Пики блајндерс“ (Peaky Blinders) ќе добие нова сезона. Снимањето на новите епизоди, како што се очекува, ќе почне наскоро, поточно - ова лето, или во септември, пишува британскиот таблоид „Сан“ (The Sun).
Првичната ТВ-серија се прикажуваше од 2013 до 2022 г., а последната, шеста сезона е сместена во 1930-тите. Најавениот филм од продукцијата на „Би-би-си“ (BBC) - „Пики блајндерс: Бесмртниот човек“ (Peaky Blinders: The Immortal Man), раскажува за времето на Втората светска војна. А пак, наводите говорат дека најновата приказна ќе се одвива во 1950-тите, и според гласините, се очекува по објавувањето на филмот.
„Шестата сезона требаше да биде последна, а филмот требаше да ја заокружи приказната“, изјави неименуван извор од телевизиската мрежа за „Сан“.
Изворната серија „Пики блајндерс“ го следи семејството Шелби од 1919 година до 1930-тите.
Креаторот на серијата Стивен Најт, се чини, не може да одолее на враќањето на приказната и веќе некое време навестува дека сака таа да продолжи. Ирскиот глумец Килијан Марфи, кој глуми и во новиот филм, би можел да се врати за новата сезона како Томас Шелби, но сега во улога на „таткото во семејството“.
Новите епизоди ќе се прикажуваат на „Би-би-си 1“ во Велика Британија, а меѓународно ќе бидат достапни преку стрим-платформата „Нетфликс“.
Ново на Сител
-

СП 2026: Мексико осминафиналист
-

Macedonian Open 2026: Шест македонски тенисери во првото коло
-

Народна банка: Употребата на дигитално плаќање на граѓаните бележи раст и во првиот квартал од 2026 година
-

Во мај за 9,1 проценти зголемен прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун
-

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжи со презентација на докази за ДПИ
-

Индустриското производство намалено за 0,3 проценти во првите пет месеци од годинава
-

Бројот на жртви во земјотресите во Венецуела достигна скоро 2.000
-

Во 2025 година 911 бесправно изградени објекти
