Пилот-проект на ЦУК: Интелигентни камери за рана детекција на пожари во критичните зони

Центарот за управување со кризи (ЦУК) започна пилот-проект за поставување интелигентни камери за рана детекција на пожари во неколку критични зони во државата, кои ќе бидат надгледувани 24 часа од Оперативниот центар на ЦУК.
Како што соопшти директорот на ЦУК, Мухамед Али, проектот има за цел навремено откривање на шумските пожари, побрза реакција на надлежните служби и поефикасна координација при интервенциите.
Директорот на ЦУК, Мухамед Али, посочи дека воспоставувањето систем за рано откривање на шумските пожари било еден од неговите приоритети од преземањето на функцијата.
– Од првиот ден откако бев назначен за директор на Центарот за управување со кризи мојата цел беше јасна - воспоставување на систем за рано откривање на шумските пожари. Денес со задоволство соопштувам дека во соработка со една домашна компанија поставивме интелигентни камери во неколку критични зони во државата. Интелигентните камери ќе се надгледуваат 24 часа од оперативниот центар при Центарот за управување со кризи. Овие камери ќе овозможат побрза реакција, поефикасна координација и поголема заштита на шумите, имотот и правата на граѓаните. Заштитата на животната средина и граѓаните на прво место, вели Али.
Од ЦУК оценуваат дека со пилот-проектот се отвора ново поглавје во системот за заштита од пожари преку примена на современи технологии за рана детекција и побрзо дејствување.
МИА
Ново на Сител
-

Средба Мицкоски - Пленовиќ во Охрид
-

Заемот од 260 милиони евра на пленарна седница
-

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче му верува на Радев дека уставните измени се последниот услов
-

Лакавица остана без род од овошките заради една ноќ со минусна температура
-

Нови напади САД-Иран среде преговори
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
