ПМФЛ: Дербито во Битола без голови

Фудбалерите на Пелистер и Вардар одиграа вечерва во Битола нерешено 0-0 во дерби натпреварот од 26. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Вардар со ремито на стадионот „Петар Милошевски‘ го задржа лидерското место на табелата, но сега има само бод повеќе од второпласираната Шкендија, која претходно денеска извојува гостински триумф над Работнички од 3-0.
Дербито во Битола донесе малубројни шанси за гол од кои најизгледната ја имаше Вардар длабоко во судиското продолжение на второто полувреме кога голманот Јовчевски го скроти ударот на Матиќ од работ на шеснаесетникот и го спаси Пелистер од пораз.
Двата завршни натпревари со кои ќе се комплетира 26. коло ќе се играат утре кога Македонија ЃП е домаќин на Арсими, а Струга му гостува на Шкупи.
Табела: Вардар 62, Шкендија 61, Струга 53 (-1), Силекс 46, Тиквеш 37, Башкими 37, АП Брера 32, Арсими 29 (-1), Пелистер 26, Работнички 25, Македонија ЃП 23 (-1), Шкупи 1 9-1).
МИА
Ново на Сител
-

Штетите од војната на Блискиот Исток ќе се чувствуваат со години
-

Стратешки дијалог со САД
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
-

Уапсени 8 дилери на кокаин
