ПМФЛ: По бод за Тиквеш и Вардар

Во завршниот натпревар од 5. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Тиквеш и Вардар одиграа вечерва нерешено 1-1 (1-1).
Домашниот тим дојде во водство во 21 минута со голот на Камара, но само четири минути подоцна Тиквеш остана со играч помалку на теренот поради директниот црвен картон што му беше покажан на Лавал.
Вардар до крајот на полувремето го израмни резултатот со голот на Омерагиќ, но актуелниот шампион не успеа во продолжението да ја искористи предноста од фудбалер повеќе и да дојде до целосен резултатски пресврт.
Резултати – 5 коло:
Тиквеш – Вардар 1-1
Башкими – Шкендија Арачиново 1-2 (недела)
Арсими – Скопје 0-0 (сабота)
Струга – Брегалница 4-0 (петок)
Силекс – Шкендија 0-2 (петок)
Табела: Шкендија 15, Струга 10, Тиквеш 8, Силекс 7, Вардар 7, Шкендија Арачиново 7, Арсими 7, Брегалница 6, Скопје 3, Башкими 0
МИА
Ново на Сител
-

Со нов закон ќе се уредуваат плажите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
