Живот
9. November 2026 - 11:30

По 10 години врска ја оставил – сега бара да ѝ плати 340.000 долари затоа што ѝ ги потрошил најдобрите години од животот

34-годишна жена побарала финансиски надомест од поранешното момче, со кое поминала повеќе од десет години во врска, тврдејќи дека поради него ги изгубила најдобрите години за да стане мајка.

Жената ја споделила својата приказна во советодавната рубрика „Moral Money“ на британскиот весник „Телеграф“, објаснувајќи дека цела деценија очекувала да стапи во брак и да основа семејство со партнерот.

Според нејзиното сведоштво, во текот на врската ги ставила сопствените кариерни амбиции во втор план за да му помогне на партнерот да напредува професионално. Осум години живееле заедно во стан што го поседувале заеднички, а таа верувала дека нивната врска ќе заврши со брак и деца.

Меѓутоа, по десет години заеднички живот, 38-годишниот маж ја прекинал врската, објаснувајќи дека не е подготвен за брак и родителство.

Жената смета дека поради него изгубила драгоцени години во кои можела да го оствари својот сон да стане мајка. Затоа побарала поранешниот партнер финансиски да ѝ помогне и да ги покрие трошоците за ин витро оплодување, но тој го одбил нејзиното барање.

Приказната предизвикала поделени реакции во јавноста. Додека едни сметаат дека жената има право да бара финансиска помош по толку години вложени во заедничката иднина, други тврдат дека прекинувањето на љубовна врска не создава обврска за исплата на надомест.

На социјалните мрежи се проширило и тврдење дека жената го тужела поранешниот партнер и добила 340.000 долари отштета.