По долга правна битка евтаназирана 25-годишна Шпанка со инвладитет

Дваесет и петгодишна Шпанка, која е инвалидизирана од половината надолу, вчера беше евтаназирана на нејзино барање по двегодишна правна битка со нејзиниот татко, кој беше против нејзината одлука.
Шпанија е една од ретките земји во Европа што ја декриминализираше евтаназијата од 2021 година.
Ноелија почина вечерта во болница во град на 40 километри од Барселона.
„Сакам сега да си одам во мир, да престанам да страдам, тоа е тоа“, рече Ноелија во своето последно интервју за шпанските медиуми, емитувано во средата на телевизијата Антена 3. Таа го опиша својот живот како полн со страдање и сексуална агресија.
„Не можам повеќе да го поднесам ова. Не можам повеќе да ја поднесам оваа болка“, рече Ноелија, додавајќи дека „среќата на татко, мајка или сестра не може да биде пред среќата на нивната ќерка“, осврнувајќи се на нејзиното семејство, кое се спротивстави на нејзината одлука.
Евтаназијата дојде по долга правна битка меѓу Ноелија и нејзиниот татко. Ноелија станала инвалидизирана по обид за самоубиство во 2022 година, кога се фрлила од петтиот кат на зграда откако била групно силувана.
Младата жена ги започнала административните процедури за евтаназија пред две години. Комисијата за гаранција и евалуација на регионот Каталонија сметала дека барањето на Ноелија е во согласност со законот, кој наведува дека секое лице кое е свесно и кое страда од сериозна и неизлечива болест или хронична и исцрпувачка состојба може да побара помош при умирање ако исполнува одредени услови.
Таткото на Ноелија ја оспорил одлуката на својата ќерка на суд, со што се запрела евтаназијата планирана за август 2024 година. Таткото на Ноелија потоа тврдел дека неговата ќерка има проблеми со менталното здравје што влијаат врз нејзината способност објективно да донесува одлуки.
Ноелија се обидела повторно, и на крајот на февруари, Врховниот суд во Мадрид ја отфрли новата тужба поднесена од нејзиниот татко против неа и дозволила на Ноелија да ѝ се помогне при умирањето. На крајот стигнала до Европскиот суд за човекови права, кој ги отфрлил обидите за блокирање на постапката за евтаназија.
Според податоците од Министерството за здравство, откако законот за евтаназија стапи на сила во Шпанија до крајот на 2024 година, во земјата се еутанизирани 1.123 лица.
МИА
Ново на Сител
-

Савески: Ќе се постапува по секој предмет за кој има законски основ
-

Скопјанец возел со 4,01 промили алкохол во крвта и удрил во две паркирани возила
-

Трамп ја поздрави одлуката на МОК за забрана на трансродови жени во женска конкуренција на ОИ
-

Советот на јавни обвинители не избра нов шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје
-

Летниот распоред на летови почнува со 10 нови дестинации од аеродромите во Скопје и во Охрид
-

Викендов и на почетокот на идната седмица слаби локални врнежи од дожд, пообилни ќе бидат во среда
-

Иран им забрани на спортските тимови патувања во „непријателски“ земји
-

Кога довербата и грижата растат заедно со децата - Четврта година партнерство меѓу Flex Credit и СОС Детско село
