По ерупцијата на вулканот лавата стигна до првите куќи на градот Гриндавик

Состојбата по вулканската ерупција на Исланд е драматична, бидејќи во близина на градот Гриндавик се отвори нова пукнатина, а меѓу зградите почна да се разлева лава.
Лавата тече кон населбата и веќе ги „проголта“ првите куќи. Најмалку две куќи горат, јавуваат исландските медиуми.
Вработените во итната помош испратија порака до луѓето да не се приближуваат до градот во никој случај. Во Гриндавик има бројни служби за итни случаи и спасување.
Првата куќа се запали речиси веднаш откако до неа стигнала лавата.
Населението на Гриндавик, градот брои вкупно околу 4.000 жители, претходно беше евакуирано поради значителна сеизмичка и магматска активност, а цивилната одбрана го подигна нивото на опасност во областа на вонредна состојба.
Во близина на Гриндавик има и туристичка атракција, геотермалната бања „Плава лагуна“, каде што, исто така, беше евакуиран хотелот.
Последната ерупција на полуостровот Рејкјанес почна на 18 декември минатата година во вулканскиот систем Сварценги, после целосната евакуација на Гриндавик и затворањето на „Сината лагуна“, наведуваат британските медиуми.
Гриндавик беше поштеден од штета за време на последната ерупција во декември, бидејќи лавата течеше во друга насока, заобиколувајќи го градот
Ново на Сител
-

Стивнува епидемијата на западно-нилска треска - Двајца пациенти се уште се во критична состојба
-

Производителите на пиперки го блокираа патот Прилеп-Битола, велат дека откуп воопшто нема
-

УГД - Летна школа, како до почист воздух, вода и почва
-

ЕУ донираше возила и опрема за Царинската управа
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: ЈО да отвори истрага за трошоците за прославата
-

ООУ „Св. Климент Охридски“ од М. Брод единствено училиште кај нас со сопствена кујна со топол оброк за учениците
-

Александар Степанулески е 34-тиот победник на фестивалот „Ристо Шишков“
