Македонија
14. September 2026 - 17:10

Стивнува епидемијата на западно-нилска треска - Двајца пациенти се уште се во критична состојба

За десетина дена само еден сомнителен случај со симптоми на западно – нилска треска е хоспитализиран на Инфективна. За пациентот од Скопје се чека лабораториска потврда за вирусната инфекција. Според директорот на Клиниката епидемијата полека стивнува. На болничко лекување има 7 пациенти , од кои двајца се уште се во тешка состојба и на апарати за дишење.

- Тоа се истите пациенти кои подолго времне се во потешка состојба и се на одделот за интензивна нега, изјави д-р Фадил Цана, директор на Клиниката за инфективни болести

Досега 45 пациенти во подобрена состојба се испишани од Инфективна.

- Доколку имаат невролошки симптоми се упатуваат на понатамошен преглед кај невролог, а ако има потреба и на физиклана терапија, рече д-р Цана.

Според последните податоци од министерството за здравство досега западнонилска – треска е потврдена кај 61 лице, а 8 –мина починаа.