По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица
За инцидентите што се случија вчера во центарот на Атина по завршувањето на еден од најмасовните протести во последните години, грчката полиција привела 220 лица, од кои 73 се уапсени, а повредени беа над 60 лица.
Вчера во Грција со протести низ целата земја се одбележаа две години од железничката несреќа кај Темпи во која загинаа 57 лица, а по завршувањето на официјалниот дел од масовниот собир во Атина се случија сериозни инциденти.
Од грчката полиција соопштија дека околу 700 лица, „искористувајќи ја големината на собирот, се здружија во групи и се собраа пред споредниот влез на грчкиот Парламент, каде жестоко ги нападнаа врз полицајците и другите лица кои беа во дворот“.
-Нападот беше со употреба на молотови коктели, камења, мермери, димни бомби, како и метални и други предмети, со што се создаде голема опасност за физичкиот интегритет и животот на граѓаните кои учествуваат на собирот.
Полицајците, откако се погрижија да ги заштитат граѓаните кои мирно протестираа, отстранувајќи ги во безбеден правец, пристапија кон употреба на неопходните и соодветни средства за задржување и деескалација на нападите, соопштија од грчката полиција.
Инциденти брзо се проширија и на околните улици и траеја подолго време, а полицијата одговори со солзавец, шок бомби и топови со вода.
-Вкупно, како на превентивно ниво, така и за време на нападите, полицијата приведе 220 лица, од кои 73 се уапсени.
Паралелно, во нападите беа повредени 29 полицајци, а причинета е штета на објекти и возила, соопштија од полицијата.
Неофицијално, меѓу приведените се и членови на навивачки групи на атински клубови, додека пак освен повредените полицајци, 34 граѓани побарале помош во грчките болници поради полесни повреди или проблеми со дишењето.
Во инцидентите повредени беа и двајца фоторепортери.
Фотографиите од дрон од вчерашниот протест во Атина, на кои се гледа масовниот одзив на граѓаните, кои ги преплавија и исполнија сите централни улици во грчката престолнина, денеска се на насловните страници на весниците во Грција.
Ново на Сител
-
Годишниот извештај за работата на Судскиот совет за ланската година на 51. седница на Собранието
-
Средба на Јаневска со студенти и професори од кампусот на Државниот дуален универзитет Баден – Виртемберг во Манхајм
-
Бела куќа: Трамп и кинескиот претседател Си веројатно ќе разговараат неделава
-
ЕК утре ќе објави дали Бугарија ги исполнува условите за прием во Еврозоната
-
Земјотрес со јачина од 5,8 степени меѓу грчкиот остров Родос и турското крајбрежје
-
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
-
Со мотор излетале од пат, тешко повредени двајца малолетници
-
Ѓоковиќ избори четвртфинале против Зверев на Ролан Гарос