По излегувањето преспала кај најдобриот пријател: Се разбудила со силни болки, сфатила дека била силувана

Ејнџел Робертсон (21) од Англија излегла во локалниот паб со својот пријател, неговата сестра и мајка. Подоцна по излегувањето отишла во нивната куќа за да преспие. Утрото, кога се разудила имала силни болки па се посомневала дека е силувана.
Две години по овој немил настан Ејџел одлучила да излезе во јавност со својата приказна. По забавната вечер во пабот девојката, нејзиниот пријател Даглас Хоџсон (30) и неговото семејство ја прашале да преспие кај нив дома бидејќи се наоѓала во близина на местото каде што биле.
Ејнџел се согласила бидејќи веќе подолго време се дружела со Даглас и целосно му верувала. Легнала облечена покрај него, но утрото се разбудила со силни болки, па се посомневала дека е силувана.
- Знам што ми направи - му пратила порака Ејнџел на Даглас кога си отишла од неговата куќа.
- Ми беше многу тешко на некого повторно да верувам. Се уште не можам да заспијам ако во куќата има некој што не е член на мојата фамилија. Имам трауми, но не можам да го поминам остатокот од животот во страв - рекла Ејнџел.
По пријавата во полиција момчето признало дека ја допирало, но не и дека ја силувало. Лекарите по прегледот потврдиле дека Хоџсон ја силувал Ејнџел таа кобна вечер 2015. година..
Тој по 22 месеци судење на крајот признал дека ја силувал и осуден е на шест години и четири месеци затвор, пишува Метро.
Ејнџел продолжила со животот, се омажила и го чека првото дете.
Ново на Сител
-

Изборниот законик влезе во собраниска процедура, СДСМ подготвува 10.000 амандмани
-

Ресорите поделени, имињата ќе се објавуват утре по ИК на ВМРО-ДПМНЕ
-

Измените на изборниот законик пред пратениците
-

Муцунски - Будрис: Продлабочување на соработката и подршка за европска интеграција
-

30 дена притвор за осомничениот за убиството на жената од село Таор
-

Материјални докази на судењето за деветтемина полицајци за Пулс
-

Нови цени на горивата од полноќ
-

По викенд нападите, САД и Иран утре на преговори
