По неколку одлагања и две операции на тестиси газдата на „Дурмо турс“ во „Идризово“

Газдата на „Дурмо турс“ Дурмиш Белули се пријавил во затворот „Идризово“ за да ја одслужи 10-годишната казна затвор за сообраќајната несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 патници, а повеќе од 30 беа повредени. Веста ја потврдил директорот на установата Зоран Јовановски, кој изјавил дека Белули е примен и сместен според стандардна процедура.
По серија одлагања, најчесто оправдувани со медицински причини, Белули се појавил во затвор да ја издржува казната. На 1 декември имал уште едно одложување поради втора операција на тестис, а претходно во октомври тврдеше дека се оперирал од кила.
Судијата тогаш лично разговарал со хирургот во тетовската болница кој го потврдил специјалистичкото мислење дека операцијата е неопходна.
Неговиот соработник Ремзи Мифтари, одговорен за возниот парк на „Дурмо турс“, исчезна на крајот на ноември 2025 и по него е распишана потерница. И двајцата добија правосилни пресуди на 9 мај 2025, кога Апелациониот суд во Скопје им ги зголеми казните – на Белули од четири на десет години, а на Мифтари од шест на десет.
Ново на Сител
-

Едно избирачко место воопшто не е отворено, во останатите гласањето се одвива непречено
-

Мадуро од американски притвор: „Се справуваме добро, ние сме борци“
-

Жичницата на Водно не работи поради засилен ветер
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патниот правец Струга – ГП „Ќафасан“
-

Најмногу снег и најстудено на Попова Шапка
-

Литванија и Малта со рекорден раст на туризмот во Европа во 2025 година
-

Укината забраната за камиони на патниот правец Гостивар – Кичево преку Стража
-

Променливо облачно и студено време со повремени врнежи од снег
