По седум години затвор за Ѓоре Петровски и за Даниел Димески за опожарување куќа во Нежилово

Основниот суд Велес соопшти дека, постапувајќи по обвинителен акт на Основното јавно обвинителство Велес, донел пресуда со која Ѓоре Петровски од село Ореше, Општина Чашка, и Даниел Димески од Прилеп се огласени за виновни за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ поврзано со предизвикување пожар, со што целосно била опожарена куќа во село Нежилово.
Како што информира Судот, по одржана главна, јавна и усна расправа на 5 јуни 2026 година, на двајцата обвинети им е изречена казна затвор во траење од по седум години. Во изречената казна им се засметува времето поминато во притвор од 16 мај 2025 година до правосилноста на пресудата.
Во однос на третообвинетиот Сашо Муневски од Прилеп, Судот посочува дека тој претходно, во раздвоена постапка, со правосилна пресуда од 16 октомври 2025 година бил огласен за виновен за истото кривично дело и осуден на казна затвор од седум години, која веќе ја издржува.
Според обвинението, на 10 мај 2025 година во село Нежилово, месност Капинова, со предизвикување пожар целосно е опожарена куќа сопственост на оштетениот Давид Јорданов од Скопје. Според Судот, за случајот со опожарената куќа во Капиново биле обвинети вкупно три лица - Муневски и Димески како соизвршители, а Петровски како поттикнувач.
Во текот на постапката, Муневски ја призна вината, изрази каење и се извини на оштетениот, додека останатите двајца обвинети изјавиле дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат виновни.
МИА
Ново на Сител
-

Нов пожар во Штип
-

Мицкоски по средбата во Софија: Бугарија нема нови барања, тоа се истите од 2022 година
-

Мицкоски најави избори
-

ДЗР утврди сериозни слабости во остварување и исплата на правата од социјална заштита во Македонија
-

Савески не гледа ништо спорно што му се јавил премиерот
-

Гром предизвика огнена драма над Штип, за среќа пожарот е изгаснат
-

Ѓорѓиевски: Утврден е сериозен недостаток на пожарникари во целата држава
-

Законите што ќе овозможат изградба на дата центри без дебата го поминаа првиот собраниски филтер
