По серијата инциденти кај Бугарија и Романија: НАТО и САД ја засилуваат контролата над Црноморскиот Регион

Земјите членки на НАТО ќе распоредат дополнителни авиони за поморско набљудување, радарски системи, беспилотни летала и тимови за истраги на експлозивни направи во регионот на Црното Море, како одговор на засилените руски напади врз украинските извозни рути - изјави денеска за ДПА портпарол на Алијансата.
Мартин Л. О’Донел, портпарол на Воениот штаб на НАТО во Монс, Белгија, изјави дека ќе биде распореден и дополнителен разузнавачки персонал, со цел да се подобри следењето на ситуацијата во регионот преку поголема употреба на сензори и поинтензивна размена на разузнавачки информации. Според медиумските извештаи од Софија, извидувачки авион „П-8 Посејдон“ на американската морнарица веќе почнал да дејствува во близина на бугарскиот брег на Црното Море, откако Романија минатата недела побара помош од ЕУ и НАТО по серијата инциденти.
Нападите со беспилотни летала врз трговски бродови во Црното Море во последно време стануваат сè почести, а меѓу погодените се и пловила што превезувале стока покрај бреговите на Бугарија и Романија, кои се членки на НАТО. Минатата недела бродот „Челси-3“ беше погоден од три беспилотни летала на 33 километри источно од бугарскиот град Бјала, а во втор инцидент, брод беше погоден и потона на 31 километар од брегот кај Крапец, недалеку од романската граница. Претходно овој месец, турски трговски брод со жито потона во близина на романскиот град Сфанту Георге, при што загинаа двајца членови на екипажот. Украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека товарниот брод бил погоден од руски беспилотни летала, оценувајќи дека нападите се „израз на напорите на Русија целосно да го оневозможи поморскиот сообраќај во западниот дел на Црното Море“.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас, исто така предупреди дека шесте напади за кои се претпоставува дека биле извршени со руски беспилотни летала во период од 10 дена претставуваат опасна и неприфатлива ескалација која може да предизвика нова глобална прехранбена криза. Калас ја опиша Украина како еден од најважните земјоделски извозници во светот и порача дека дејствијата на Русија сè повеќе го отежнуваат снабдувањето со храна на населението ширум светот.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, Центар за интегрирана безбедност
-

МЕПСО бара речиси двојно повисока тарифа за пренос на струјата, можно е поскапување и на парното
-

Пензионерите бараат линеарно покачување на пензиите затоа што во пензија сите биле исти пред законот
-

Семејствата на починати пациенти бараат одговорност за наводните кубански вакцини
-

Стартуваше бесплатната имунизација проитив сезонски грип за ризичните групи
-

Уставен ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за мигрантите
-

СДСМ: Гренел соработникот на Мицкоски под истрага
-

Управниот одбор не одобрил набавка на апарати за коцкање
