По три обиди за грабнување на 40-годишна жена, по грешка ја грабнале Вања - ,,Особата беше идентична'', вели Манев

Oткако го убиле Панче, го затрпале во земуницата, а н а истотото место требало да биде грабната и некоја 40-годишна жена, сведочи денеска Велибор Манев.
Манев го возел „цитроенот“ на Панче откако по убиството тргнале на кај Скопје. Се искучиле кај Катланово и продолжиле по стариот пат за Скопје.
- Не знам ни самиот како возев. Кај Хиподром сфатив кај сум. На „моторола“ Палчо ми кажа да запрам кај Кванташки кај пругата и тука да го оставиме „цитроенот“. Нè товари во пикапот и нè однесе во канцеларија. Влатко направи кафе. Го прашав Палчо пак – зошто сево ова. Тој ми рече, прекини, ништо не разбираш. Станавме со Боре да си одиме за Велес. Ни рече за вечерта пак да се видиме. Му реков дека немам пари, и оти немам со што да дојдам повторно. Ми го даде „кангуто“ и вечерта пак дојдовме во Скопје и нè однесе до местото „Оризови дупки“. Мислев дека тука ќе се чува грабнатата жена. Следното утро во четврток тргнавме да ја грабнеме жената, но се вративме и „цитроенот“ го оставивме во Маџари. Со „кангуто“ се вративме во Велес. Во Скопје пак дојдовме во четврток да пробаме да ја грабнеме жената што ја лоцирал Палчо. Дојдовме пред жената. Планот беше жената да се турне во сутеренот и таму да ја врзуваме. Но, од сутеренот излезе, некоја друга жена и планот пак пропадна. Страшо, директор на „Гранит“ бил во планот на Палчо. Потоа се одлучи на жена, на некоја од фармацеврските куќи, така кажуваше. Ја следел и ја сликал. Третиот обид беше на 27.11. Од Радишани тргнавме кон зградата каде што требаше да биде гравнувањето. Ние тројца бевме во „цитроенот“, нè има и на снимките, сведочи Манев.
Палевски им објаснил како се отвара вратата од зградата, каде се подрумските простори, тврди сведокот.
- Влатко остана во колата, влеговме јас и Боре. Беше темно, немаше сијалици. Палевски по моторола за времето 7 и 20 кога требаше да излезе жената. Јас бев долу а Боре чекаше со селотејш лента. Кога таа излезе Боре ја грабна и ја стави лентата. Таа излезе од лифтот и одеше кон скалите. Особата беше идентична со таа што ни ја кажуваше Палче. Ја врзавме, Влатко го отвори гепекот и ја ставивме во вреќа, раскажува Манев.
Ново на Сител
-

Сопственикот на „Црно Брдо“ осомничен за пожари во Хрватска
-

Мицкоски: Армијата е симбол на чест, дисциплина и посветеност
-

Стјуардесите и пилотите со најголема стапка на смртност од рак поради космичко зрачење
-

Иран: Ормуската Теснина ќе остане затворена додека САД не ги исполнат сите услови од јунскиот договор
-

Уште еден починат од западнонилска треска на Инфективната клиника, хоспитализирани 20 пациенти од кои пет со потешка клиничка слика
-

МВР: Пронајдени 10 лица - мигранти од Египет, лишен од слобода криумчарот од Латвија
-

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив
-

Муцунски: Историјата, идентитетот, јазикот и културата се нашите црвени линии, очекуваме гаранции од европските институции
