-->
-->
Победа на шахистките против Тајван, реми за шахистите со Велс
-->

Победа и реми за македонските шаховски селекции во 5. коло на 44. шаховска Олимпијада во индискиот град Ченај.
Нашите шахисти иако влегоа како фаворит против релативно послабиот противник Велс одиграа 2-2, а партиите на сите табли завршија со реми.

Затоа пак женската шаховска репрезентација го совлада Тајван со 3-1, а цел поен донесоа Ивана Манова на првата и Леа Ефтовска на третата табла, додека Драгана Николовска и Моника Жежовска ремизираа со своите противнички.
Во следното 6. коло, машката репрезентација денеска ќе игра против Сирија, додека шахистките за противник ја имаат репрезентацијата на Финска.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонската фолклорна група „Илинден“ од Торонто освои прва награда на меѓународен фестивал во Краков
-

ЈП „Водовод и канализација“: Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Тотенхем со нова победа се поблиску до опстанок во Премиер лигата
-

Детроит и Кливленд по мајсторките ја минаа првата рунда од плеј офот во НБА лигата
-

„Ролинг Стоунс“ го најавија новиот албум и неговиот наслов
-

Во Берово најстудено утрово, во Гевгелија најтопло
-

Кошаркарките на Крива Паланка на чекор до прва шампионска титула
-

Ф1: Трета последователна победа на Антонели
