„Ролинг Стоунс“ го најавија новиот албум и неговиот наслов

Британската рок-група „Ролинг стоунс“ официјално го потврди нивниот нов музички проект, т.е. излегувањето на албумот „Foreign Tongues (странски јазици)“. Ова доаѓа по месеци на навестување од страна на бендот, преку мистериозни билборди и објави, што предизвика гласини дека бендот ќе издаде нов албум – нивен прв по „Hacney Diamonds“ награден со „Греми“ во 2023 година.
Членовите на рок-составот, Мик Џегер, Рони Вуд и Кит Ричардс ги споделија уметничките дела како делови од омотот на албум – при што секој музичар објави различен дел од корицата. Џегер сподели слика од долниот дел од корицата и покажа илустрација на она што изгледа како неговата уста и брада. Вуд го сподели средниот дел од корицата којшто ги открива неговите очи и нос. Ричардс ја комплетираше сложувалката и ја сподели горната половина со илустрација на главата – малку разбушавена коса и разнобојна марама.
Неофицијално, албумот излегува на 10 јули.
Во петокот, бендот сподели и дел од неименувана песна преку видео од 13 секунди до своите 4,2 милиони обожаватели, на коешто се гледа нивното препознатливо лого со црвени усни и исплазен јазик на подвижна позадина. Гласините за нова музика првпат беа предизвикани минатиот месец кога низ Лондон се појавија низа криптични пораки, постери и кју-ар-кодови поврзани со „лебарките“ – симболот на бендот.
Во текот на нивната повеќедецениска кариера, „Ролинг стоунс“ имаа 14 албуми број еден во Велика Британија и осум хитови број 1. Рок-групата беше примена во Куќата на славните на рокенролот во 1989 година.
МИА
Ново на Сител
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
