Loading Video...
Фудбал
23. December 2018 - 19:38
Победа на Валенсија, бод за Севиља
Фудбалерите на Валенсија по три лошата серија на последните три средби конечно се израдуваа на победа во шпанската примера и тоа против Хуеска која беше совладана со 2-1.
Во натпревар со многу шанси домаќинот го отвори резултатот кон средината на првиот дел со погодокот на Парехо. Следуваа неколку убави шанси кои не беа искористени па Хуеска знаеше да казни преку Ернандез и да го израмни резултатот. Победата за Валенсија дојде во 94м со голот на Пичини.
Фудбалерите на Севиља избегнаа пораз на гостувањето кај Леганес со голот на Бен Једер во 92-та минута со што мечот заврши 1-1. Леганес поведе уште во 5-тата минута од средбата и не го испушти водството се до судиското надополнување.
-

Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
