Loading Video...
Фудбал
26. March 2022 - 15:40

Победата над Италија е веќе заборавена, мислите насочени кон дуелот со Португалија

Во позитивна атмосвера и со видно изразена самодоверба црвено-жолтите се враќаат на обврските. Триумфот над Италија е веќе заборавен и сега со сите мисли избраниците на селекторот Благоја Милевски се насочени кон Португалија. 
 
Сладок е триумфот над европскиот првак, но тој е само мотив повеќе за да се премости и последната пречка до патот кон Катар, смета селекторот Милевски. 
 
"Фер и коректно е да се надевате на победа без кого и да играте. Победата над Италија не е ништо посебно, само е еден мотив плус за нас и кога ќе направиме една паралела дека знаеме дека сме на добар пат.  Не смееме да бидеме арогантни кон никого, ние сме мала држава и репрезентација во создавање. Имаме цели за во иднина да се приближиме до најдобрите во Европа со резултатите, настапите во последно време покажуваат дека сме на вистинскиот пат“, вели селекторот Милевски.
 
За разлика од мечот со Азурите, нашата селекција сега ќе биде посилна за Елмас и Костадинов кој дополнително ќе ја зголемат конкуренцијата, а воедно и опциите на Милевски за мечот во Порто, на кој домаќинот повторно ќе ја има улогата на фаворит. 
 
Но. Португалците се свесни дека против Македонија никој повеќе неможе да биде фаворит. Ако победата над Германија во квалификациската група беше само еден добар ден, тогаш триумфот над Италија само потврдува дека таквата констатација е погрешна. Македонија е сериозна репрезентација која знае што сака и мора да бидеме многу внимателни, анализираа португалските медиуми, додавајќи дека Роналдо и другарите ќе мора да прикажат многу повеќе отколку во дуелот против Турција доколку сакаат да ја минат Македонија и да се пласираат на Мундијалот. 
 
Црвено-жолтите веќе4 го одработеа денешниот тренинг, а утре во 17 часот заминуваат за Порток, каде во вторник ќе го играат мечот со Португалија.