Loading Video...
Фудбал
3. May 2020 - 16:50
Победи на фаворитите во белоруското фудбалско првенство
И додека речиси цела фудбалска Европа мака мачи и бара решение како да бидат заокружени сезоните во националните првенства, тој проблем го немаат Белорусите.
Во фудбалскиот шампионат на Белорусија викендов на програмата се дуелите од 7 коло.
Екипата на Слутск се врати на првото место на табелата откако на гости на Олимпискиот стадион во Минск го победи Динамо со 2-1.
И на вториот меч одигран во Минск, победа остварија гостите. Имено второ рангираниот тим на табелата Жодино забележа убедлива победа со 5-2 против ФМ Минск.
Сега Слутск има 16 бодови, два повеќе од Жодино, додека топ фаворитот во белоруското првенство Бате Борисов кој игра денеска против Неман со освоени 10 бодови досега е на делба од 5-тото до 9-место.
-
Игор Tрпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->