Почина Доли Партон

На 80-годишна возраст почина Доли Партон, легендарната американска кантри пејачка, текстописец и музичка икона. Веста ја потврди нејзиниот внук, кој објави видео на Инстаграм.
Во последните месеци Партон имаше здравствени проблеми, поради кои беше принудена да откаже или да одложи неколку јавни настапи. Неколку дена пред нејзината смрт, таа зборуваше за своето здравје, како и за тешкотиите со кои се соочувала по загубата на сопругот Карл Дин во март 2025 година. Партон и Дин беа во брак речиси шест децении.
Со кариера долга повеќе од пет децении, Доли Партон остави неизбришлив белег во кантри музиката и се вброи меѓу најуспешните изведувачи во историјата на жанрот. Нејзините албуми се продадоа во повеќе од 160 милиони примероци ширум светот. Освен музиката, Партон оствари успешна актерска кариера, со улоги во познатите филмови „9 до 5“ и „Челични магнолии“.
Нејзиниот дебитантски албум „Hello, I’m Dolly“ беше објавен во 1967 година, а низ годините создаде бројни хитови, меѓу кои „Jolene“, „I Will Always Love You“ и „9 to 5“.
За својот придонес кон музиката, Партон освои 11 награди „Греми“, вклучувајќи ја и наградата за животно дело. Во 2022 година, таа стана дел и од Rock and Roll Hall of Fame.
Ново на Сител
-

Филипче: Во буџетот нема пари за повисоки плати, државата должи 713 милиони евра, а милијарди троши за камати
-

Во Собранието денеска продолжи комисиската расправа за Буџетот за 2027 година
-

Мицкоски од Брисел: Сакаме предвидлив пат кон Брисел
-

Гаши најавува опозициски прашања без паузи
-

Годинава најмалото предвремено родено бебе во Македонија имало 530 грама – смртноста е намалена
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се сокри на Бихаќка
-

Петрова: Колку што видов никој не и вршел притисок на Михаилова
