-->
-->
Почина францускиот актер Жан Пол Белмондо
-->

Легендарниот француски актер Жан Пол Белмондо почина на 88-годишна возраст.
Уметникот почина денеска, изјавил неговиот адвокат за агенцијата Франс Прес. Според медиумите, тој извесно време бил во лоша состојба, а во 2001 година доживеал срцев удар
Белмондо се прослави за улогите во 1960 -тите во француските филмови наречени „Нов бран“.
Особено импресивни се неговите улоги како симпатични криминалци во „До последниот здив“ и „Лудиот Пјер“ на Жан – Лук Годар. Има глумено во повеќе од 90 филмови.
Пред 20 години, доживеа мозочен удар по што се пензионираше, за да се врати во 2008 година со улога во филмот „Човекот и неговото куче“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Спасен видот кај 16 пациенти со трнасплантација на рожница
-

Голема еколошка акција на Патриотско друштво за пошумување на Ајватовски Рид
-

Божиновска: Денар плус попуст на дизелот
-

Мицкоски: Имаме најевтини горива во регионот
-

Филипче: Мерките не се доволни
-

Славески: Ја држиме инфлацијата под контрола
-

ДУИ: Регулаторна 2 пати неделно да определува цени
-

Костадиновски: Уставниот суд мора да остане независен
