Почина глумецот Денис Вотерман
Британскиот глумец Денис Вотерман, познат по улогите во ТВ-сериите како „Мајндер“, „Свини“ и „Нови трикови“, почина вчера. Тој имаше 74 години.
„Со длабока тага објавуваме дека нашиот сакан Денис почина мирно во болница во Шпанија. Тој почина вчера попладне, а покрај него беше неговата сопруга Пем. Семејството љубезно бара да се почитува нашата приватност во ова многу тешко време за нас“, соопшти неговото семејство.
Роден е во Лондон и образованието го добил во Театарската школа „Краун“. Вотерман ја почна својата кариера како дете, па на 12-годишна возраст е поканет да ѝ се приклучи на Кралската трупа „Шекспир“ во Стратфорд. Во своите тинејџерски години, тој се прослави во остварувањето „Само Вилијам“ на Би-би-си.
Денис Вотерман својата слава ја стекна во 1970-тите кога го глумеше наредник Џорџ Картер во полициската драма „Свини“. Глумеше и во 90-на други филмски и ТВ-проекти.
Ново на Сител
-

Надминат проблемот со откупот на млекото
-

Неопходно е да се работи на проширување на сезоната
-

СДСМ: Мицкоски кривично да одговара за Гостивар
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
-

МЗ: Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
